Раководството на Лестер може да биде принудено да го пушти менаџерот Брендон Роџерс, доколку тој посака да се пресели во Арсенал, откриваат медиумите на Островот.
Имено, Роџерс во договорот со „лисиците“ има ослободителна клаузула, па може да го напушти клубот за 14 милиони фунти.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Топџиите“ се во потрага по нов тренер после отказот на Емери, а Роџерс е на врвот на листата желби, но доколку сакаат да го донесат на „Емирати“ ќе мора да платат 14 милиони фунти.
Под водство на Роџерс, Лестер игра фантастична сезона и е втор во Премиер лигата по одиграни 13 кола.
Меѓутоа, стратегот нема намера да го напушти „Кинг Пауер“ стадионот.
„Во однос на поддршка, Лестер можеби не одговара на некои од најголемите клубови во оваа земја. Меѓутоа, кога сте среќни во клубот и имате група на луѓе со кои сакате да работите, тогаш не гледам смисла да барате нешто вакво на друго место. Верувам дека можеме да постигнеме многу со Лестер“, изјави Роџерс.