Дома Фудбал Англија Рој Кин: Рајан Гигс денес би вредел две милијарди!

Рој Кин: Рајан Гигс денес би вредел две милијарди!

Фудбалскиот пазар и трансферите ова лето добија нова димензија, Рој Кин смета дека причина за ваквата ситуација на пазарот се трансферите како на Нејмар и Дембеле.

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед смета дека неговиот соиграч Рајан Гигс на денешниот пазар би вредел најмалку две милијарди евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се е преценето, преголеми суми се нудат за просечни фудбалери. Сега е вистински момент да се биде професионален фудбалер. Просечен фудбалер денес вреди барем 35 милиони фунти. Нема потреба премногу да се анализира, таква е ситуацијата на денешниот пазар, на кој нема премногу големи играчи“.

„Преголеми суми се плаќа за најдобрите фудбалери, а тоа се пренесува и на оние послабите. Денес просечни фудбалери вредат по 30-40 милиони фунти. Но тоа е не нивна грешка, бидејќи клубовите се спремни толку да плата“.

Руд Ван Нистерлој денес би вредел една милијарда евра. Дејвид Бекам исто така, Рајан Гигс денес би вредел и две милијарди евра“, изјави Кин.

На крај новинарите го запрашаа колку би вредел тој.

„3.75 милиони фунти, толку колку што плати Сер Алекс Фергусон за вистински играч од средината“, заврши Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се најавува ново правило во Премиер лигата: Против биле само Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Астон Вила

Премиер лигата неодамна најави воведување на ново правило кое ќе ги ограничи трошоците на …