Дома Фудбал Останато Роналдо: Продолжувам да докажувам дека сум најдобриот!

Роналдо: Продолжувам да докажувам дека сум најдобриот!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо и понатаму е убеден дека во светот нема подобар фудбалер од него.

„Секогаш кажувам дека сум најдобриот, бидејќи верувам во тоа и секојдневно го докажувам на теренот“, изјави Роналдо за време на церемонијата на која ја доби наградата за фудбалер на годината во Португалија.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Ова е прекрасен момент и сакам да ја споделам радостасо моите соиграчи. Минатата година беше исклучителна за мене како на индивидуално, така и на тимско ниво. Освоив пет трофеи со Реал, ја добив Златната топка и три деца за три месеци. Оваа награда им ја посветувам на моите четири деца“, истакна Роналдо.

Роналдо доби најмогу гласови од португалските новинари пред голманот на Спортинг, Руи Патрисио и ѕвездата на Сити, Бернардо Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…