Дома Топ вести Роналдо одлучен да замине, Јунајтед веќе му најде замена

Роналдо одлучен да замине, Јунајтед веќе му најде замена

Aнглиските медиуми на големо пренесуваат дека Кристијано Роналдо побарал да му биде дозволен трансфер ова лето.

Португалецот е подготвен да го напушти клубот од „Олд Трафорд“ само една година по враќањето, а наводно пресудно е неиграњето на „црвените ѓаволи“ во Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналдо има уште една година од договорот, а новиот менаџер Ерик тен Хаг му објаснил дека е клучен играч во неговиот тим за претстојната сезона и очекува да остане.

Меѓутоа, Роналдо е одлучен во намерата, па Јунајтед веќе почна да бара замена, а прва желба е Ентони од Ајакс.

22-годишниот Ентони блесна оваа сезона во дресот на Ајакс и се промовираше во еден од најголемите таленти во светот.

Тен Хаг одлично го познава и сака да го донесе на „Олд Трафорд“, а раководството на „црвените ѓаволи“ веќе започна преговори со Ајакс.

Според информациите од Островот двата клуба се блиску до трансфер тежок 50 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…