Дома Актуелно Роналдо на Фејсбук: Најдобро е спектакуларно да го завршите секое шоу

Роналдо на Фејсбук: Најдобро е спектакуларно да го завршите секое шоу

Репрезентацијата на Португалија синоќа ја победи Швајцарија со 3:1 во полуфиналето на Лига на нации.

Завршницата на ова натпреварување се игра токму во Португалија, а домашната селекција успеа да избори пласман во финалето. Тоа го направија благодарение на Роналдо кој запиша хет-трик.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Роналдо првиот погодок го даде од слободен удар, но Швајцарците преку Родригез дојдоа до 1:1. И кога се чинеше дека ќе има продолженија Роналдо повторно стапи на сцена.

Тој во самиот финиш на натпреварот ги сруши сите надежи на противничкиот тим бидејќи во две минути постигна два гола и со тоа ги постави конечните 3:1.

Роналдо денеска се огласи на Фејсбук страницата со интересна порака.

„После 90 минути интензивни вежби секогаш постои шанса за финале. Најдобро е спектакуларно да го завршите секое шоу.“ – порача капитенот на Португалците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Интер го украде врвното засилување на Милан, доаѓа од Баерн целосно бесплатно!

Изгледаше дека Милан ќе успее да го донесе одличниот стопер на Баерн од Минхен, но во посл…