Дома Фудбал Роналдо му се јавил на Модриќ: Немам ништо против тебе, туку против УЕФА?

Роналдо му се јавил на Модриќ: Немам ништо против тебе, туку против УЕФА?

Во последно време во светските медиуми многу се пишува за случајот „Модриќ-Роналдо“.

Причината поради која се крена толкава прашина во медиумите е непојавувањето на Роналдо на доделувањето на наградата на УЕФА за најдобар играч во Европа.

Веднаш се започна со пишување дека Роналдо знаел дека нема да ја добие наградата, па затоа и не се појавил.

Сепак, сега се појави најновата приказна според која Роналдо му честитал на Модриќ.

Шпанските медиуми пишуваат дека Модриќ добил повик од својот поранешен соиграч во кој му честитал и му потенцирал дека нема ништо лично против него, туку против УЕФА.

Јавно засега Роналдо не се огласил, но според овие тврдења на Шпанците помеѓу Роналдо и Модриќ нема „зла крв“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на една ера: Роналдо го затвори репрезентативното поглавје

По 234 настапи и 146 гола, Кристијано Роналдо се повлекува од Португалија. Одлуката следув…