Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо и Нејмар „бркаат“ нов рекорд во Лигата на шампиони

Роналдо и Нејмар „бркаат“ нов рекорд во Лигата на шампиони

Вечерва на програмата се последните натпревари од групната фаза во Лигата на шампиони, а тоа ќе биде шанса за поставување нов рекорд на Нејмар и Роналдо.

Првите ѕвезди на Реал Мадрид и ПСЖ до сега постигнаа гол на сите 5 натпревари, па можат да станат првите играчи во историјата на ЛШ кои погодиле на сите шест мечеви во групната фаза.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Роналдо до сега има постигнато 8 гола оваа сезона, а вечер игра против Борусија Дортмунд на „Сантиаго Бернабеу“. Нејмар пак има постигнато 5 гола, а за влез во историјата треба вечерва да погоди на „Алијанц Арена“ против Баерн Минхен.

Ниту еден фудбалер до сега не успеал да постигне гол во сите натпревари од групната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Светло нa крajот oд тyнeлот: Фати доби понуда која може да ја спаси неговата кариера

Ансу Фати е еден од првите играчи на кои тренерот Ханси Фати им покажа дека можат да ја на…