Искусниот Португалец Пепе на „Алијанц стадионот“ одигра фантастичен натпревар против Јувентус и ја воодушеви фудбалската јавност на 38 години.
Порто беше поразен во Торино со 3:2, но успеа да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а сега е откриена интересна конверација помеѓу двајцата сонародници, Пепе и Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пепе по еден дуел во првото полувреме се жалеше на повреда и тоа го испровоцира Роналдо да испрати провокација за да го мотовира да остане на теренот.
„Продолжи да играш, јас ќе бидам победникот без разлика дали со тебе или без тебе на теренот“, порача Роналдо.
Роналдо победи во тој натпревар, но затоа Пепе со Порто помина во следната фаза и португалскиот претставник се најде помеѓу најдобрите осум во Европа.