Голманот на Рома, Алисон Бекер оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите во Европа и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Сепак, Рома нема лесно да се откаже од својот голман, а италијанските медиуми тврдат дека клубот поставил цена од 90 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Целта на „волчицата“ е да ги одложи преговорите за голманот, така што неговата цена може да се зголеми за време на Светското првенство.
Најсилен интерес за Барзилецот покажуваат Реал Мадрид и Ливерпул, кои се уште не испратиле официјална понуда. Јирген Клоп е решен да привлече нов голман и Алисон е трансфер цел број еден.
Во исто време, Рома сакаат да го задржат својот број 1, чиј договор е до 2021 година. Раководството планира да му понуди нов договор со подобрени услови.