![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2018/06/5b35fe35-7068-456c-a8ac-4aac0a0a0a6a-roma-18-19-home-kit-3-previewOrg-850x491.jpg)
Робин Олсен изгледа дека по само година дена поминати во Рома ќе ги напушти редовите на овој тим, а управата на овој тим сака квалитетна замена за него.
Олсен се покажа како добра замена за Алисон кој од Рома си замина во Ливерпул, а изгледа дека замената за Олсен ќе биде голманот на Ајнтрахт, Трап.
Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓
Кевин Трап брани одлично од доаѓањето во Ајнтрахт, тука пристигна од ПСЖ откако што тие го доведоја Буфон и својата минутажа ја побара во Германија.
Вчера не имаше нешто добар натпревар против Бенфика, но инаку оваа сезона е одличен и Рома сигурно би направила голема работа доколку успее да го доведе како замена за Олсен.