Рома е во потрага по засилување на криланите позиции, а последно име на списокот е Бразилецот, Тајсон.
Неговите агенти потврдија дека преговорите се во напредна фаза и дека трансферот треба да се реализира наскоро.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Новиот тренер на Рома, Пауло Фонсека одлично го познава Тајсон бидејќи соработуваа заедно во Шахтјор.
Бразилецот во 242 настапи за украинскиот клуб постигна 71 погодок и запиша 44 асистенции, па сигурно ќе биде големо засилување за Рома.
Финансиските детали од трансферот се уште не се познати, а клубовите ги договараат последните детали.