Се погласни се шпекулациите дека босанскиот напаѓач Един Џеко ја игра последната сезона во редовите на Рома, а римскиот клуб веќе на големо бара нов напаѓач.
Пред неколку дена во италијанските медиуми се појави информација дека Рома сака како замена за Џеко да го доведе Гонзало Игуаин кој во овој момент како позајмен играч го носи дресот на Челзи. Игуаин ќе се врати во редовите на „старата дама“ на крајот од сезоната бидејќи „сините“ немаат можност да го откупат неговиот договор поради забраната за трансфери од ФИФА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома покажа голем интерес да го доведе Игуаин, но не се спремни да издвојат некоја голема сума на пари. „Кориере ди Торино“ денес објави дека Рома на адреса на Јувентус испратила интересна понуда.
Наводно, римскиот клуб се обидел во овој трансфер да го вклучи Џеко, односно Јувентус и Рома да ги заменат напаѓачите. Меѓутоа, „старата дама“ ја одбила оваа понуда, во Јувентус имале друга идеја.
Според информациите на овој медиум Јувентус побарал место Џеко во оваа зделка да биде вклучен некој Костас Манолас и Николо Заниоло.
Меѓутоа, во Рома не се располжени да останат без некој од овие двајца фудбалери, но со оглед на нивната желба да стигнат до потписот на Гонзало Игуаин преговорите помеѓу овие два италијански клуба би требало да продолжат.