Репрезентацијата на Белгија не успеа да се пласира во финалето на Светското првенство откако вечерва беа поразени од Франција во полуфиналето со 1:0.
Белгија во четвртфиналето успеа да го елиминира Бразил, но вечерва Франција беше таа која се радуваше. Натпреварот го одлучи, Самуел Умтити кој на почетокот на натпреварот го постигна единствениот гол на натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот селекторот на Белгија, Роберто Мартинез изјави дека нема што да им замери на своите фудбалери кои според него одиграле добар натпревар и ова полуфинале го одлучил само еден детал.
„Ова беше изедначен натпревар и се знаеше дека ќе одлучуваат детали. Тие имаа среќа во тој момент пред нашиот гол и тоа одлучи се, само среќата го одлучи патникот во финалето, а не знаењето. Однесувањето на моите играчи беше одлично, немам што да им замерам“, изјави Мартинез.