Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Репрезентативецот на Словенија му одговори на Вучиќ

Репрезентативецот на Словенија му одговори на Вучиќ

Словенечкиот репрезентативец Жан Карничник се огласи откако беше спомнат од претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Вучиќ додека зборуваше за настапот на српската репрезентација за натпреварот со Словенија кажа дека неговата репрезентација примила гол од играч на Целје кој има плата 5.000 евра месечно.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Да, го слушнав тоа, секаде кружи таа снимка. Можам само да го поздравам, сметам дека е разочаран, па затоа проверил и знае колкава ми е платата. Не можам нешто повеќе да додадам“, изајви словенечкиот репрезентативец.

Ќе потсетиме, Словенија ја помина групната фаза и во осминафиналето на Европското првенство ќе игра против Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Де ла Фуенте го кажа својот фаворит за „Златната топка“

Ламин Јамал и Осман Дембеле според многумина се главните кандидати за освојување на Златна…