Дома Топ вести Ренато Санчез на чекор од трансфер на Енфилд

Ренато Санчез на чекор од трансфер на Енфилд

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е блиску до комплетирање на трансферот на Ренато Санчез од Лил.

Ренато Санчез важеше за најголем европски талент, направи трансфер во Баерн каде не се снајде.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Португалецот ја „оживеа“ својата кариера во Лил, каде игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Ливерпул е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе биде замена за Вајналдум, а една од примарните цели на Клоп беше токму Португалецот.

Последните информации од Островот се дека „црвените“ постигнале договор со Лил за трансфер тежок 42 милиони евра и во наредните денови Санчез ќе потпише 5-годишен договор со „црвените“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…