Кога станува збор за најдобрите африкански фудбалери веднаш помислуваме на Салах, Мане, Обамејанг, но титулата најплатен Африканец ја има еден еден друг фудбалер.
Станува збор за Сердик Бакамбу, кој моментално се наоѓа во Кина на медицински прегледи пред да потпише за Пекинг Гуан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бакамбу доби понуда која не можеше да се одбие и во Кина неделно ќе заработува 345.000 евра, со што ќе стане најплатениот африкански фудбалер.
Пекинг Гуан на Виљареал за неговиот потпис ќе му плати 40 милиони евра, но ќе мора да плати и додатни 35 милиони евра како данок во Кина, па целиот трансфер изнесува 75 милиони евра.
Со тоа Бакамбу стана и најскапиот Африканец со што ги престигна Мохамед Салах, Садио Мане и Ерик Баи.
Инаку Бакамбу во минатото играше за Сошо, Бурсаспор и Виљареал, а настапува за репрезентацијата на Конго, иако е роден во Франција.