Африканската фудбалска конфедерација (CAF) го зголеми наградниот фонд за претстојниот Куп на африкански нации за 40 отсто, објави CAF.
CAF изјави дека победникот на AFCON за 2024 година ќе добие седум милиони долари, што е два милиони повеќе од наградата што ја освои Сенегал во 2021 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Африканската федерација ги зголеми и другите награди, па второпласираниот ќе заработи четири милиони долари.
Полуфиналистите ќе заработат по 2,5 милиони долари, а секој од четирите четвртфиналисти ќе добие по 1,3 милиони долари.
Африканскиот куп на нации ќе се одржи од 13 јануари до 11 февруари во Брегот на Слоновата Коска.
Ќе учествуваат вкупно 24 земји, а титулата ја брани Сенегал, кој со подобро изведување пенали го победи Египет во финалето во 2021 година.