Дома Фудбал Англија Рекорден број заразени со Ковид во Премиер лигата

Рекорден број заразени со Ковид во Премиер лигата

Премиерлигата пријави рекордни 40 позитивни случаи на коронаворус, во првата седмица кога клубовите се тестираат по два пати.

Тестовите биле направени во периодот од 28 декември до 3 јануари во сите 20 премиерлигашки клубови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тестирањето една недела порано откри рекордни 18 позитивни случаи во тоа време, но сега значително повеќе, што секако е загрижувачко.

„Лигата продолжува да има доверба во своите протоколи за Ковид-19, кои се целосно поддржани од владата, за да дозволи натпреварите да се играат според предвидениот рок“, се вели во соопштението.

Премиерлигата и натаму инсистира дека нема потреба од прекин во натпреварувањето, нешто што не го сакаат ниту клубовите со оглед на густиот распоред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Знаете ли кој го даде последниот гол за Италија на едно Светско првенство?

Италијанската фудбалска репрезентација, по поразот на пенали од Босна и Херцеговина во Зен…