Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а примарна цел ќе биде ѕвездата на Наполи, Калиду Кулибали.
Сенегалецот е мета на многу европски гиганти, но Наполи во летниот преоден рок за неговиот потпис бараше 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега работите се променија бидејќи Кулибали не е задоволен во Наполи, а тоа се одрази и на неговите настапи, па Реал сака да ја искористи таквата ситуација.
Шпанските медиуми тврдат дека Реал е спремен да понуди 50 милиони евра, плус потписот на Лука Модриќ.
Наполи го проценува Кулибали на 100 милиони евра, па тешко дека ќе ја прифати оваа понуда, но е отворен за преговори.
Реал не е единствениот клуб кој покажува силен интерес за Кулибали, но Реал е спремен да ја победи конкуренцијата.