Дома Трансфер зона Реал спреми понуда за Погба која не се одбива!

Реал спреми понуда за Погба која не се одбива!

Пред Реал Мадрид е голема работа во летниот преоден рок, откако Зидан најави дека ќе направи доста промени во играчкиот кадар.

„Кралскиот“ клуб беше доминантен во Европа претходните три сезони, но во оваа тотално потфрлија. Зинедин Зидан прифати да се врати на клупата на Кралевите откако даде отказ на крајот од претходната сезона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, францускиот стручњак призна дека е свесен дека пред него има многу работа, а пред се најавената реконструкција по крајот на оваа сезона.

Сигурно е дека неколку фудбалери ќе го напуштат Мадрид на крајот од сезоната, а „кралевите“ веќе имаат список на желби на играчи кои сакаат да ги донесат. Помеѓу останатите, тука е и Пол Погба за кој Зидан покажува голем интерес.

Сигурно е дека Реал ќе се обиде да го донесе Французинот, но од Јунајтед нема да го пуштат така лесно. Парите не им се толку важни, бидејќи сакаат Реал да им испрати неколку фудбалери во замена за Погба.

Англиските медиуми пренесуваат дека „кралевите“ се спремни да се откажат од дури тројца играчи за да го донесат Погба, а тоа се Герет Бејл, Хамес Родригез и Тони Крос.

Наводно Реал е спремен да му понуди на Јунајтед да избере двајца од овие тројца фудбалери, а за возврат да го добие потписот на Пол Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ спреми богати понуди за две ѕвезди од Серија А

ПСЖ веќе ја започна потрагата по замена за Килијан Мбапе, кој ова лето ќе го напушти клубо…