Италијанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за Дибала и дека испратил понуда која ја ставило на искушение „старата дама“.
Дибала оваа сезона е во сенка на Кристиано Роналдо, а во последно време е во лоши односи и со тренерот Алегри, па се почесто се шпекулира со негово заминување од Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бјанконерите“ се спремни да се разделат со Аргентинецот доколку пристигне понуда повисока до 100 милиони евра, а тренерот Алегри како негова замена го сака Иско.
Токму таквата ситуација сака да ја искористи Реал Мадрид, со оглед на фактот дека Иско е на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“.
„Калочомеркато“ пренесува дека „кралевите“ испратиле понуда од 60 милиони евра плус Иско за потписот на Пауло Дибала, па „бјанконерите“ сериозно размислуваат да ја прифатат.
Реал и Јувентус имаат одлична соработка, па нема да биде изенандување доколку на лето овие два клуба договорат нови трансфери.
#Isco + 60 milioni per #Dybala l'offerta del #RealMadrid che farebbe vacillare la #Juve https://t.co/ibnmUldNtf pic.twitter.com/ii52rJmS17
— calciomercato.com (@cmdotcom) February 8, 2019