Дома Трансфер зона Реал спреми 70 милиони за наследникот на Модриќ

Реал спреми 70 милиони за наследникот на Модриќ

Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.

Младиот Французин со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Зидан сака да го донесе во своите редови, па Реал веќе остварил првични контакти за ангажман на Камавинга. Играчот одби да го продолжи договорот и на лето ќе ја промени средината, а Рен за неговата слобода бара 70 милиони евра.

Во Реал веруваат дека 18-годишниот плејмејкер ќе биде идеален наследник на Лука Модриќ, кој најверојатно ќе игра уште една сезона на „Сантиаго Бернабеу“.

Како опција за наследник на Хрватот се споменува и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој исто така е спремен да го напушти Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…