Дома Актуелно Реал се откажа, Челси и Јунајтед влегуваат во трката за Ериксен

Реал се откажа, Челси и Јунајтед влегуваат во трката за Ериксен

Реал Мадрид одлучи да се откаже од обидот да го донесе данскиот фудбалер Кристијан Ериксен и се сврте кон Еден Азар.

Сепак, Ериксен во текот на летото може да направи голем трансфер, а на неговата врата се наоѓаат премиерлигашките гиганти.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и Челси одлучиле да се вклучат во борбата за услугите на овој 26 годишен фудбалер. Извесно е дека ќе пуштат понуди до Спарси и ќе ни следува интересна борба за Данецот.

Покрај Јунајтед и Челси, интерес за него има уште од Баерн и ПСЖ. Парижаните покажаа дека не штедат пари за фудбалери, а исто така и Баерн се очекува да потрошат големи средства за нови играчи во текот на летото.

Ериксен во дресот на Тотенхем одигра 255 натпревари, а постигна 62 погодоци и 79 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Барселона има план за разделба со Тер Штеген, кој го разочарал Флиг

Со оглед на очекуваното привлекување на Жоан Гарсиа од Еспањол и претстојното препотпишува…