Дома Актуелно Реал пронајде решение за Бејл: Велшанецот понуден на англискиот клуб

Реал пронајде решение за Бејл: Велшанецот понуден на англискиот клуб

Реал Мадрид со сите сили сака да го продаде Герет Бејл ова лето.

Велшанецот имаше лоша сезона зад него и се најде на мета на навивачите на Реал, а тренерот Зидан со последните потези покажа дека нема да смета на него во следната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клубот од Бернабеу е спремен со очајнички потег да му го понуди на Тотенхем со опција да го даде Бејл на позајмица за 10 милиони фунти.

Во Тотенхем се води расправа за можна позајмица, а претходно овој клуб ја отфрли можноста за долгорочен договор.

Бејл во Реал има огромна плата од 600.000 фунти неделно, но ќе мора да прифати многу помала плата доколку дојде до договор.

Реал ќе прифати понуда во од клуб кој ќе му даде плата од 250.000 фунти неделно плус 10 милиони евра кои Реал ќе ги добие за едногодишната позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Размена помеѓу Барселона и Баерн?

Баерн е подготвен да и го понуди на Барселона Џошуа Кимих (29) и плус пари за Френки де Јо…