Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе се уште не знае во кој клуб ќе игра наредната сезона.
Не е тајна дека Реал го посакува францускиот репрезентативец, но се чини дека Кралевите финансиски не можат да му парираат на актуелниот клуб на Мбапе, ПСЖ.
Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓
Имено, како што пишуваат странските медиуми, ПСЖ на Мбапе му понудил нов договор, финансиски многу подобар од оној кој може да му го понуди Реал.
Разликата е 15 милиони евра годишно, односно ПСЖ му нуди нов договор според кој годишно ќе заработува 36 милиони евра, додека Реал е спремен да му понуди 21 милион евра, исто колку што заработува моментално во францускиот клуб.
Дали Мбапе ќе ја прифати понудата на ПСЖ и заедно со Нејмар ќе станат најплатени фудбалери во овој клуб или ќе ја прифати понудата на Реал треба да дознаеме наскоро.
Да потсетиме, во 17 одиграни натпревари во Лига 1 Мбапе постигна 14 погодоци и запиша шест асистенции.