Дома Трансфер зона Реал Мадрид си го враќа Брахим Дијаз

Реал Мадрид си го враќа Брахим Дијаз

Реал Мадрид одлучи на крајот на сезоната да си го врати Брахим Дијаз, кој е на позајмица во Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанецот е во сопственост на Реал Мадрид, но веќе трета сезона е на позајмица во Милан.

Милан може да го купи Дијаз за 22 милиони евра на крајот на сезоната, но Реал има опција да го врати за 5 милиони евра повеќе.

Наводно „кралевите“ веќе го известиле Милан дека сакаат да го вратат Шпанецот во своите редови и ќе ја платат разликата од 5 милиони евра.

Асенсио нема да го продолжи договорот и ќе замине како слободен агент, а медиумите пренесуваат дека Анчелото токму во Дијаз гледа негова замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…