Дома Фудбал Реал Мадрид нема да ги намали платите на играчите и вработените во клубот

Реал Мадрид нема да ги намали платите на играчите и вработените во клубот

Мадридски Реал нема да ги намали платите на играчите и вработените во клубот.

Поради пандемијата со коронавирусот многу клубови одлучија да ги намалат платите на своите играчи дури и по 70 проценти, но играчите на Кралевите своите примања ќе ги добиваат во целост.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Причината е едноставна. Клубот е во стабилна финансиска ситуација и спремен е да се соочи со кризата без никакви промени во исплатите на вработените.

Така, клубот од Мадрид ќе биде еден од ретките европски клубови кои ќе ја поминат кризата без премногу проблеми.

Покрај Реал Мадрид, голем дел германски клубови исто така се во добра финансиска ситуација и нема да имаат премногу проблеми, но некои од нив сепак се одлучија да се откажат од платата за да помогнат на оние кои им е потребно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер по секоја цена посакува еден од најдобрите во Рим

Ману Коне, дефанзивец од средниот ред на Рома, повторно е на радарот на Интер. Францускиот…