Дома Трансфер зона Реал Мадрид му поставил ултиматум на Рамос?

Реал Мадрид му поставил ултиматум на Рамос?

Искусниот дефанзивец Серхио Рамос во последно време се наоѓа во центарот на вниманието поради најавите дека може да го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната.

Рамос има договор до крајот на оваа сезона и се уште не се договорил со раководството на „кралевите“ за продолжување на истата. Многумина веруваат дека искусниот дефанзивец после 16 години ќе го напушти „Бернабеу“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Се пишуваше дека Реал неодамна му понудил на Рамос нов едногодишен договор со нешто помала плата, но таа искусниот дефанзивец ја одбил.

Рамос бил разочаран од понудата која ја добил од Перез и барал двегодишен договор со годишна плата од 12 милиони евра што е за 1.2 милиони евра повеќе од она што му го нуди Реал.

Шпанските медиуми денес пишуваат дека Реал одлучил да му постави ултиматум на дефанзивецот и му порачале дека мора да се изјасни до средината на март. Понудата останува иста, па нема да биде чудо ако Рамос навистина се реши да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…