Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, најверојатно ќе се врати во тимот за претстојниот натпревар против Атлетик Билбао во шпанското првенство по паузата поради црвен картон.
Белингем пропушти четири од последните шест натпревари на Реал поради повреда на зглобот, a сега е подготвен да се врати на терените.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот фудбалер го постигна својот последен гол пред шест недели, но и понатаму е најдобар стрелец во Примера со 16. По него следуваат Анте Будимир од Осасуна и напаѓачот на Хетафе, Борха Мајорал со по 15 гола.
Белингем оваа сезона постигна 22 гола во сите натпреварувања и за репрезентацијата на Англија. За „Гордиот Албион“ погоди во судиското продолжение за 2:2 против Белгија.
Реал загуби само еднаш во 29 натпревари во првенството, а е без пораз во последните 12 натпревари во сите натпреварувања.
Мадридскиот клуб е прв на табелата со 72 бода, осум повеќе од второпласираната Барселона. Натпреварот против Атлетик се игра в недела во терминот од 21:00 часот.