Дома Топ вести Реал доби „бинго“: Ќе добие 60 милиони за Бејл

Реал доби „бинго“: Ќе добие 60 милиони за Бејл

Велшанецот не сака да ги намали астрономските приходи кои ги има на „Сантиаго Бернабеу“.

Бејл не е повеќе во плановите на Зидан, но ниту еден клуб од Европа не е спремен да му понуди плата од 17 милиони евра, па поради тоа Велшанецот остана во Мадрид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Медиумите на Островот тврдат дека ова лето Герет Бејл може да се врати во Премиер лигата. Имено, новите богати сопственици на Њукасл ова лето сакаат да направат силен тим, имаат огромен буџет за засилувања и нема да жалаат пари да го донесат Велшанецот на „Сент Џејмс Парк“.

Њукасл не само што е спремен да му понуди 17 милиони евра по сезона на Бејл, туку е спремен да понуди 60 милиони евра за неговиот потпис.

Тоа сигурно ќе биде „бинго“ за Реал Мадрид, кој беше спремен да го пушти Велшанецот на позајмица или за мала отштета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…