Играчот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос ова лето се пресели во Арсенал на позајмица, но сака уште во јануари да го напушти „Емирати“.
23-годишниот шпански плејмејкер побара од мадридскиот тим да го раскине договорот за закуп со „топџиите“ пред крајот на сезоната и да му овозможи да пронајде нов клуб во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега „Марка“ пренесува дека Реал Мадрид ја отфрлил можноста Себаљос да се пресели во Валенсија, бидејќи не сакаат да засилуваат директен конкурент од Примера.
Себаљос сака да го напушти Арсенал во потрага по поголема минутажа пред Европското првенство и веќе постигнал договор со Валенсија, но Реал го „блокира“ неговиот трансфер.
T + T + T = SUCCESS / ÉXITO!! ⚽️???@Arsenal #Gunners #TrainingTrainingTraining #TrabajoTrabajoTrabajo pic.twitter.com/PyyD12biQj
— Daniel Ceballos (@DaniCeballos46) January 24, 2020