Дома Фудбал Реал без половина тим на гостувањето кај Еибар!

Реал без половина тим на гостувањето кај Еибар!

Кристиано Роналдо сигурно ќе го пропушти саботното гостување на „кралскиот“ клуб во Еибар, пренесуваат шпанските медиуми.

Португалскиот интернационалец влече незгодна повреда поради која не тренираше денеска, по што Зидан реши тој воопшто да не патува на гостувањето во Баскија.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Ова само дополнително ќе ги зголеми проблемите на тренерот Зидан, бидејќи за овој натпревар нема да може да смета исто така на Герет Бејл и Алваро Мората.

Бејл е суспендиран поради црвениот картон кој го доби на мечот со Лас Палмас, додека Мората има акумулирани жолти картони.

Под знак прашалник е и Дани Карвахал поради удар на последниот тренинг, додека од претходно надвор од тимот е Рафаел Варан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблем за Реал Мадрид: Повреден е Тибо Куртоа

Еден од најдобрите во Реал Мадрид голманот Тибо Куртоа се здоби со повреда поради која нем…