Маркус Рашфорд беше стрелец во победата на Манчестер Јунајтед на гости кај Евертон (0:3) во 13. коло од Премиер лигата.
Алехандро Гарначо го постигна првиот гол во третата минута со фантастичен удар со ножички, а Рашфорд во 56. минута го удвои водството.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Изведе пенал, но не го прослави голот, туку ги рашири рацете, погледна во небото и ги прегрна соиграчите.
Ден по натпреварот тој на социјалните мрежи објави своја фотографија од натпреварот и напиша:
„Вчерашниот гол би го посветил на мојот братучед кој неодамна почина“.
Англискиот напаѓач на тој начин ја откри причината поради која не се радувал на својот втор гол сезонава.