Дома Топ вести Рашфорд во спектакуларен трансфер би можел да го напушти Манчестер Јунајтед

Рашфорд во спектакуларен трансфер би можел да го напушти Манчестер Јунајтед

Игрите на 20-годишниот Маркус Рашфорд го натераа Мурињо повторно да почне сериозно да смета на овој млад фудбалер.

Рашфорд оваа сезона доста се мачеше со минутажата. Мурињо не му даваше премногу прилика, но тој се бори за своето место на „Олд Трафорд“. И покрај малата минутажа, младиот фудбалер би можел да направи спектакуларен трансфер. Шпанските медиуми тврдат дека во своите редови би сакал да го види Реал Мадрид и размислува да испрати понуда на адресата на Манчестер Јунајтед.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Цената на младиот фудбалер на пазарот е 50 милиони евра. Може да игра на сите офанзивни позиции, што максимално му одговара на Реал кој сака да направи големи промени во екипата во текот на летото. Трансферите од Манчестер Јунајтед во Реал секогаш биле спектакуларни. Давид Бекам и Роналдо направија одлична работа во Мадрид, а сега тоа би можел да го направи и Рашфорд.

Младиот фудбалер оваа сезона настапи во 42 натпревари за „Црвените ѓаволи“, а постигна 12 гола со девет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…