Дома Фудбал Рамос и Пике ќе играат на Олимпијада

Рамос и Пике ќе играат на Олимпијада

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос се најде во поширокиот список на играчи кои ќе играат за Шпанија на Олимпијадата во Токио.

Рамос како партнер во репрезентацијата најверојатно ќе го има Жерард Пике, кој исто така се најде на списокот на повикани фудбалери.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Четворица фудбалери на Барселона ќе играат на Олимпијада, а покрај Пике на списокот се уште Серхио Бускетс, Сержи Роберто и младиот Ансу Фати.

Рамос и Пике се амбициозни и се спремни ова лето да го поминат без одмор, бидејќи пред Олимпијата ќе има Европско првенство.

Финалето на Европското првенство е точно 10 дена пред почетокот на Олимпијадата, а се очекува наскоро Федерацијата да го објави конечниот список на играчи кои ќе патуваат во Токио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…