Контроверзниот агент Мино Раиола во времето кога фудбалот е стопиран најави големо име ова лето во Реал Мадрид.
Раиола истакна дека има добар однос со првиот оперативец на Реал Мадрид Хозе Анхел Санчез и јасно истакна дека ќе се обиде на Реал ова лето да му обезбеди суперѕвезда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имам одлични односи со Реал, посебно со нивниот прв оперативец Хозе Анхел Санчез. Затоа прва цел ми е да договорам со него трансфер на еден од моите играчи во Реал. Ова лето ќе се обидам на Реал да му доведам големо име, суперѕвезда. Тоа и мојот играч ќе го направи горд затоа што Реал е најголем клуб“, изјави Раиола.
Ќе видиме како се одвиваат работите, но со оглед на тоа дека Реал сезонава игра променливо можеме да очекуваме некои промени во Мадрид.