Дома Фудбал Останато Рабио ја донесе најдобрата одлука во кариерата – ја отпушти неговата мајка!

Рабио ја донесе најдобрата одлука во кариерата – ја отпушти неговата мајка!

Сапуницата со Адриен Рабио трае веќе подолго време, а сега фудбалерот сега ја донесе можеби најдобрата одлука за својата кариера.

Рабио заврши со Пари Сен Жермен и поради одбивањето да стави потпис на нов договор повеќе нема да го носи дресот на овој клуб, но за промена на средината ќе треба да почека до лето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот најмногу се поврзуваше со трансфер во редовите на Барселона, а во еден момент изгледаше како работата да е завршена. Сепак, во последно време работата како да е стопирана.

Голем број реномирани медиуми пишуваа дека работата е завршена, но потврда од некоја страна немаше, а најголема причина за тоа беше неговата мајка.

Мајката на Рабио поставуваше преголеми финансиски барања за кои Барселона не помислуваше да се согласи, меѓутоа изгледа дека Вероника повеќе нема да може да се грижи за професионалниот живот на неговиот син.

„Играчот и неговото семејство вработија агент кој набрзо ќе пронајде нов клуб. Во овој момент во игра е Барселона и уште некои италијански и англиски клубови“, пишуваат француските медиуми.

Сега останува да видиме каква одлука ќе донесат Рабио и неговиот нов агент – дали ќе биде комплетиран трансферот во Барселона или ситуацијата ќе ја искористи некој друг клуб.

Со Рабио се поврзуваа Јувентус, Милан, Тотенхем…

https://www.youtube.com/watch?v=Vq_1x1qo950&t=38s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…