Адриен Рабио е слободен агент откако му заврши договорот со ПСЖ, но младиот Французин се уште нема постигнато договор со ниту еден клуб.
Рабио се поврзуваше со неколку европски гиганти, но никако не успеа да постигне договор. Некои понуди ги одби сам, а во неколку наврати преговорите пропаднаа поради големата провизија која ја бара неговата мајка која е и негов агент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми веќе неколку дена пренесуваат дека Јувентус започнал преговори со Рабио, а сега и самиот фудбалер го потврди тоа.
„Јувентус е голем клуб во кој секој фудбалер би сакал да игра. Вистина е, започнавме преговори“, призна Рабио кој моментално се наоѓа на одмор во Италија.
Ако Рабио потпише за Јувентус ќе биде второ засилување на „старата дама“ беа обештетување ова лето. Претходно „бјанконерите“ ги засили Арон Рамзи кој доаѓа како слободен агент од Арсенал.
Adrien Rabiot confirmed he is “in talks with #Juventus , a big club everyone would like to play for” after his #PSG contract expired https://t.co/pERxHeWJ5y #MUFC pic.twitter.com/jN8qhUe6WZ
— footballitalia (@footballitalia) June 13, 2019