Дома Топ вести ПСЖ ќе му предложи модел „Бекам“ на Меси

ПСЖ ќе му предложи модел „Бекам“ на Меси

Пари Сент Жермен има план како да ја плаќа високата плата на Лионел Меси, ако се согласи да се пресели во Париз на лето.

На лето Меси ќе биде слободен агент и францускиот клуб е фаворит за неговиот потпис. ПСЖ е спремен да го примени моделот „Бекам“ од 2013 година. Тогаш клубот немаше средства да му дава плата од својата каса, но му гарантираше приходи од најразлични фондации во кои учествува држава Катар.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Франс Фудбал“ пренесува дека моментално платата на Меси изнесува 74 милиони евра по сезона, а ПСЖ е должен да ги почитува правата на финансиски фер-плеј.

Поради тоа ПСЖ ќе ги задоволи финансиските барања на Аргентинецот и ќе му гарантира плата од катарски фондови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус ја сака ѕвездата на Лион

Раководството на Јувентус покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Лион, Рајан Чер…