Дома Трансфер зона ПСЖ ја сака ѕвездата на Лион

ПСЖ ја сака ѕвездата на Лион

Лукас Пакета после неуспешната епизода во Милан сега блеска во дресот на Лион во француското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пакета стана и стандарден во бразилската репрезентација, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ покажува силен интерес за Бразилецот и сака на лето да го донесе на „Паркот на Принцовите“.

Спортскиот директор на „светците“ Леонардо одлично ги познава квалитетите на Пакета и нема да жали пари да го донесе во ПСЖ.

Сепак, Лион нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и за неговата слобода бара 60 милиони евра, а 15% од трансферот ќе завршат во касата на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…