ПСЖ покажува сериозен интерес за младиот дефанзивец на Милан, Пјер Калулу, пренесуваат француските медиуми.
Спортскиот директор Кампос потврди дека клубот работи на доведување на нов дефанзивец, а прво име во списокот на „светците“ е Пјер Калулу од Милан.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
21-годишниот Французин буквално „експлодира“ минатата сезона во дресот на Милан и се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци.
ПСЖ сака да го доведе во јануари и веќе спремил понуда од 50 милиони евра, но тешко дека ќе може да го убеди Милан да го пушти Калулу кој е еден од најважните играчи во тимот.
Малдини веќе започна преговори за продолжување на неговиот договор и порача дека Милан не сака да ги продава најдобрите фудбалери.