Пари Сент Жермен веќе ја започна потрагата по наследник на Килијан Мбапе, а прва желба е Ерлинг Халанд.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Халанд следното лето ќе биде мета на многу европски гиганти бидејќи ќе се активира отупната клаузула од 75 милиони евра.
Поради тоа ПСЖ го сака веднаш и спрема богата понуда до Борусија Дортмунд.
Халанд во меѓувреме објави фотографија од авион и тоа предизвика шпекулации од медиумите, кои сметаат дека сликата е доказ за патување на Норвежанецот кон Париз.
Сепак, Борусија Дортмунд во моментов негира дека Халанд ќе замине и уште една потврди дека ќе ги одбие сите понуди кои ќе пристигнат.