ПСЖ покажува силен интерес за Ријад Марез, кој на лето најверојатно ќе го напушти Манчестер Сити.
Алжирецот, чиј договор со Манчестер сити е со важност до летото 2023 година, се уште нема договорено продолжување на соработката, па „граѓаните“ се спремни да го продадат на лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интерес за 31-годишниот крилен фудбалер покажуваат ПСЖ, Барселона и Милан, но најконкретен е интересот на „светците“.
ПСЖ во него гледа идеална замена за Ди Марија, па е спремен да понуди 40 милиони евра за неговиот потпис.
Марез и оваа сезона игра одлично и постигна 23 гола и 8 асистенции на 41 меч, а ПСЖ веќе стапил во контакт со неговиот агент.