Дома Трансфер зона ПСЖ работи на трансферот на Канте

ПСЖ работи на трансферот на Канте

Фудбалерот на Челзи, Нголо Канте одбил да го продолжи договорот со лондонскиот клуб, пренесува „Атлетик“.

Канте влезе во последната година од договорот, а раководството на лондонскиот клуб му понуди на францускиот репрезентативец нов договор до јуни 2025 година со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Британските медиуми тврдат дека Канте им рекол на челниците на тимот од „Стемфорд Бриџ“ дека не е заинтересиран за понудата.

Француските медиуми пак тврдат дека ПСЖ силно го посакува Канте и дека „светците“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

ПСЖ работи на трансферот и сака да го донесе во Париз следното лето како слободен агент, а му нуди и повисока плата од таа која ја има во Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Чави Симонс се договорил со Баерн Минхен

Ѕвездата на холандската репрезентација, Чави Симонс најверојатно кариерата ќе ја продолжи …