Едно е сигурено, нов конфликт на релација Кавани – Нејмар, во наредното коло од француското првенство нема да гледаме.
ПСЖ утре го очекува незгододно гостување во против екипата на Монпелје, а за овој натпревар Бразилецот Нејмар не се најде на списокот повикани играчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Причината секако не е конфликтот со Кавани на последниот натпревар, туку полесната повреда на стапалото и тренерот Унаи Емери не сака ништо да ризикува со најскапиот фудбалер во историјата.
Иако нема да настапи на утрешниот натпревар, Нејмар ќе биде спремен за големото дерби од второто коло во Лигата на шампионите кога на „Паркот на принцовите“ гостува германскиот гигант Баерн Минхен.
Во текот на неделата која изминува најскапиот фудбалер во историјата беше во центарот на европските медиуми и тоа поради конфликтот со соиграчот Едисон Кавани околу изведувањето на пеналот во натпреварот против Лион.