Пари Сент Жермен не се откажува од намерата да го доведе дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар, пренесува еминентниот „Екип“.
Словакот беше главна трансфер цел на ПСЖ ова лето и „светците“ испратија неколку понуди, но сите беа одбиени од страна на Интер.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Нероаѕурите“ за слободата на Скиниар сакаа да добијат најмалку 70 милиони евра, додека ПСЖ не понуди повеќе од 60 милиони евра со вклучени бонуси.
Меѓутоа, проблем за Интер е што Скриниар влезе во последната година од договорот и веќе во јануари може слободно да преговара со заинтересираните клубови.
ПСЖ има договор со дефанзивецот и му нуди плата од 9 милиони евра по сезона, сума која Интер не може да си ја дозволи во моментов.
ПСЖ ќе се обиде со одредена сума да го добие Скриниар во јануари или во спротивно ќе го донесе следното лето без обештетување.
L'Equipe – Kimpembe ko, il PSG non lo sostituisce: l'obiettivo è tornare su Skriniar a gennaio https://t.co/zwcpsF9gqE
— FcInterNews.it (@FcInterNewsit) September 14, 2022