Пари Сент Жермен денес одлучи да го суспендира младиот играч за врска Адриан Рабио, а преку соопштение ги наведе и причините за таквата одлука.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот не сакаше да го продолжи договорот со матичниот клуб, па на „Паркот на принцовите“ одлучија да го отстранат од првиот тим и го испратија на трибините.
Сега играчот за врска се соочува и со казна. „Светците“ го суспендираа до 27-ми март поради тоа што веднаш по елиминацијата од Манчестер Јунајтед замина во ноќен клуб.
И не само тоа, му се замерува и што го „лајкнал“ видеото на Патрис Евра како со Пол Погба ја слави победата на Јунајтед на трибините.
„Мислам дека тоа е неприфатливо однесување и непрофесионален став на еден играч преа клубот, соиграчите и навивачите“, изјави спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике.
Рабио и ПСЖ веќе подолго време се во лоши односи, а односот се расипа кога играчот одби да го продолжи договорот и почна да кокетира со други клубови.
Рабио на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти Пари Сент Жермен како слободен играч, а последните информации говорат дека кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.
Имено, Манчестер Јунајтед е последниот клуб кој се вклучи во трката за неговиот потпис и веќе започна преговори со неговите агенти (ОВДЕ).