Пари Сент Жермен има план како да го замени Килијан Мбапе, кој на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти клубот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
22-годишниот Французин одбива да го продолжи договорот и наводно веќе има договор со Реал Мадрид.




ПСЖ како идеална замена за него го гледа Мохамед Салах од Ливерпул, пренесуваат француските медиуми.




Имено, новинарот Доминик Северак открива дека ПСЖ ова лето одбил да го пушти Мбапе, токму поради фактот што не успеале да го договорат Салах.




„Доколку Мбапе беше продаден ова лето, ПСЖ веќе имаше спремна понуда за Салах и немаше да жали пари за да го донесе во Париз“, изјави новинарот.




Египќанецот има договор со Ливерпул до 2023 година и ПСЖ не се откажува од намерата да го донесе во Париз.