Дома Фудбал Пропаднаа преговорите на Барселона со Родриго, еве што има да каже Сетиен

Пропаднаа преговорите на Барселона со Родриго, еве што има да каже Сетиен

Иако стигна потврда и од тренерот на Валенсија дека Барселона преговара со Родриго, сепак на крајот овој напаѓач изгледа ќе остане на „Местаља“ затоа што преговорите пропаднале.

Овие пропаднати преговори ја ставаат Барселона во незгодна позиција во самиот финиш од преодниот рок со оглед на повредата на Луис Суарез. Ако Барса брзо не реагира Сетиен нема да добие замена за Уругваецот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сепак, Сетиен е задоволен и со овој тим.

„Јас сум повеќе од задоволен од она што го имам на располагање. Не негирам дека ни е потребен офанзивен играч, но и да не дојде ќе продолжам нормално да работам со тоа што го имам на располагања. Сум бил и во полоши ситуации во кариерата, ако некој дојде ќе биде добредојден, но и овој тим има капацитет да се бори за сите титули“, изјави Сетиен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aлегри може да добие големо засилување: Милан тргнува по напаѓачот на Арсенал!

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус, е едно од имињата што се поврзуваат со потенцијално т…