Кеи Камара не успеа да реализира пенал, со кој директно влијаеше на елиминацијата на Сиера Леоне од Купот на Африка.
Сиера Леоне беше најпријатно изненадување, но заврши на 3-то место во групата и не се пласира во нокаут фазата, а Камара е еден од најголемите виновници.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Искусниот напаѓач на ХИФК од Финска, во 85.минута не успеа да реализира пенал против Екваторијална Гвинеја, а еден бод ќе значеше пласман за Сиера Леоне во следната фаза.
Сега полицајци го чуваат домот и неговото семејство. Навивачите таму се обиделе да го истурат својот гнев поради промашувањето на пеналот.
Police are currently protecting the home of Kei Kamara in Freetown, Sierra Leone. Fans are angry after he missed a penalty today in #TeamSierraLeone defeat to #TeamEquatorialGuinea . The angry fans moved out to attack his house. pic.twitter.com/Wu8prNSOwK
— T. Kla Wesley Jr. 🇱🇷 (@WesleyKla) January 20, 2022